19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на 26 годишниот  Пинета Секондо – Пино. Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое согласно доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

 

22 годишната Ангела Ѓорѓиевска е прогласена виновна за помагање во свирепото убиство на Пинета Секондо – Пино на 11 декември 2018-та година. Таа го намамила Пино за наводно да се видат, а потоа заедно со Фуркан најпрво го киднапирале, за потоа Фуркан со пушка да го застрела во глава 26 годишното момче. Обвинетата помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

 

При изрекувањето на 19 годишната затворска казна судијката Ленка Давитковска истакна дека меѓудругото во предвид било земено тоа што обвинетата Ангела ниту еднаш во текот на судењето не се покајала за тоа што го направила. Како отежнувачки околности ги ценеше видот карактерот и тежината на кривичното дело, степенот на кривична одговорност, јачината на загрозување и повредата на заштитното добро со оглед дека е лишено од живот младо лице на возраст од само 26 години, потоа мотивот, начинот на сторување и околностите на сторување на делото.

 

По пресудата мајката на Пино, преку Фејсбук изрзи незадоволство од висината на затворската казна и за осудената бара доживотен затвор.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи