Прилеп со еден оздравен пациент и без новозаболени од ковид-19 во последните 24 часа

 

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи изнесува 62, од кои 43 се наоаѓаат на домашно лекување, а 19 лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 91 лице.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.