Со потерница се бара експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

 

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд во Велес. Ова следува откако во петокот полицајците не успеаја да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување.

 

„Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 1.5.1974 во Скопје, со живеалиште на ул. Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.

 

Откако три пати не го пронашле дома, сега ќе се проверува дали тој ја напуштил државата. Потерницата е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.

 

Притвор од 30 дена веќе му одреди судот во Велес, бидејќи Панчевски девет месеци не се појавуваше на судењето каде е обвинет за манипулации и злоупотреби на електронскиот АКМИС систем додека беше шеф на скопскиот Кривичен суд. Според обвинението наместо компјутерски, Панчевски дел од предметите ги делел на рака кај судии за кои сметал дека му се од доверба и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.