Во соработка со Јавните комунални претпријатија и противпожарната единица денес ќе бидат дезинфицирани прилепските улици, тротоарите, јавните површини и сите пристапи до избирачките места во градот.
Со акцијата ќе бидат опфатени и населените места, при што волонтери со сопствена земјоделска механизација ќе ја спроведат дезинфекцијата на улиците кои водат до објектите во кои граѓаните ќе може да го остварат своето право на глас.
Ова е една од информациите по состанокот на прилепскиот Општински кризен штаб која ја разгледа моменталната состојба со коронавирусот во Општината.
Прилепските градски власти апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, на Министерството за здравство и на Владата за заштита од коронавирусот, да носат заштитни маски, да држат дистанца и да не се групираат.
