Фрлено шише со запалива течност во двор од куќа во с. Дебреште

 

 

Непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност во двор од куќа сопственост на С.М.(53) во прилепското село Дебреште.

 

Како што соопшти МВР, од фрлено стаклено шише со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина. Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот.

 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.