Македонија со 0,2 отсто економски раст во првиот квартал – на дното во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Македонија повторно се најде на дното според економскиот раст во регионот. Во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на  Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во земјите од регионот на Западен Балкан вклучително и Турција.

 

„Македонската економија стагнираше во првиот квартал, односно забележа незначителен раст од само 0,2%, додека Албанија завршила во минус од два и пол проценти. За разлика од нас, првите три месеци во останатите држави, завршиле во позитива. Најголем пораст на економијата имала Србија од дури 5%. Следи Црна Гора со 2,7%, Босна и Херцеговина со зголемување од 2%, а дури и Косово има минимален раст од 1,3 отсто“, се наведува во извештајот од ЕК.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи