ОЈО отвори предмет за фејсбук статусите на Димитар Апасиев

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори предмет за „Фејсбук“ статусите на лидерот на Левица –  Димитар Апасиев. Според ОЈО се работи за неколку статуси, а пристигнале известувања и пријави и од Министерството за внатрешни и од Хелсиншкиот комитет заедно со две физички лица.

 

„ОЈО Скопје, по оформувањето на предметот издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството“ вели ОЈО Скопје.

 

Претседателот на Левица и иден пратеник во новиот парламентарен состав, Димитар Апасиев, за веста дека е повикан во обвинителството за неговите статуси истакнa дека се уште никој го немал повикано.

 

„Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме“, напиша Апасиев.

 

Инаку Левица е партијата која за прв пат влегува во Собранието. Димитар Апасиев е еден од двајцата нивни пратеници.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи