Полицаец пукал во воздух да спречи расправија на изборниот ден во Крушевско

 

 

Полицаец бил приморан да испука два предупредувачки истрала во воздух за да спречи расправија помеѓу две групи на граѓани која се одиграла во близина на спортската сала во с.Бучин, Крушевско, на околу 200 метри од гласачко место.

 

Настанот бил пријавен околу 18.00 часот во Полициската станица Крушево, по што полициски службеник од Полициска станица Крушево, кој вршел обезбедување на гласачко место, издал наредба да престанат со нарушувањето на јавниот ред и мир. Тие не послушале, по што полицискиот службеник од службениот пиштол испукал два предупредувачки истрела во воздух.

 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи