Сајтот на ДИК и натаму вон функција – трет ден со проблеми

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Веб сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) со резултатите од предвремените парламентарни избори и денеска не е функционален. Сајтот падна во средата веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот. На веб страницата ги има податоците за излезноста, но без резултатите од изборите. 

 

Уште позбунувачки е тоа што беа давани и нелогични информации за резултатите. Така на пример стоеше дека ДУИ победила на места каде воопшто нема албанско население, како во струмичко Ново Село, во Демир Хисар, но и на избирачки места во Прилеп.

 

Во речиси истиот временски период кога веб – страната на Државната изборна комисија беше цел на хакерски напад, падна и страната на агрегаторот за вести Тајм.мк.

 

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад. Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.

 

Од МВР чија што веб страна исто така беше дел од хакерски напад, велат дека изминатиот период немале голем број на пријави од државни институции за слични хакерски напади, но и дека работат на расчистување на случајот и хакирањето на страната на Државната изборна комисија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи