Се отвораат галериите и музеите во Прилеп

 

 

 Прилепскиот Завод и музеј ги отвора вратите на галериите и музеите во градот за посетителите. Има протокол и како ќе се посетуваат во време на пандемија.

 

Благоја Атанасоски, директор на „Завод и музеј Прилеп” вели дека подготвени се да ги пречекаат посетителите.

 

„Деновиве ги добивме препораките од Министерството за култура преку Управата за заштита на културното наследство веќе да се отворат постојаните поставки и музеите за посетителите, но, се разбира, според протоколи. Во сите галерии и музеи ги истакнавме условите под кои ќе бидат посетите. Обезбедени се средства за дезинфекција, се знае одредениот број на посетители кои може да влегуваат во одреден момент. Уште да одредиме лице кое ќе контролира дали се запазува протоколот. Jа известувам јавноста дека нашите поставки се отворени и посетителите може да доаѓаат“, вели Атанасоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.