Интерактивен концерт за деца – „Музичко другарување”, вечерва пред „Марко Цепенков“

 

За прв пат во Прилеп, в понеделник 20.07.2020 од 19.00 часот пред ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи еден многу поинаков интерактивен концерт за деца  насловен „Музичко другарување”.

 

Концертот е концепиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата е од самото место на седење и притоа нема физички контакт.

 

Концертот е создаден од професионални музичари кои ја будат фантазијата низ игра и музика.

 

Едукативен е, опфаќа актеулни теми за чување на здравјето и Бон тон однесувањето, а притоа е и интерактивен. Сето тоа е сублимирано во време траење од 45 минути.Наменет е за деца од 2 до 10 години.

 

Задолжително носење на заштитна маска за време на настанот и почитување на ограничените места/столчиња за присутност!

 

Организаторите ГРУПА ТРИАНГЛ и НУЦК „Марко Цепенков” ве очекуваат на едно поинакво другарување!

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.