Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце, а Спасовски во Скопје за Илинден

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе присуствува на прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Крушево. Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде во Пелинце, додека претседателот на Владата, Оливер Спасовски ќе го предводи организацискиот одбор во Скопје.

 

„Оваа година делегација на Владата на Република Северна Македонија по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Скопје ќe ја предводи претседателот на Владата, прославата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, а прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Пелинце ќе ја предводи и ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, соопштија од Влада.

 

Комисијата за заразни болести обезбеди посебни протоколи за организација на државните настани и чествувањето на Илинден во време на пандемија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи