Извонредно музичко доживување со концертот “Музичко другарување” на група Триангл

 

 

За прв пат во Прилеп, синоќа пред ЦК „Марко Цепенков“ се одржа многу поинаков интерактивен концерт за деца насловен “Музичко другарување”.

 

Концертот беше  извонредно концепиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата меѓу учесниците и најмладите од самото место на седење беше одлична.

 

Професионалните музичари ја побудија фантазијата кај децата низ музика и игра, за што на крајот го добијаа заслужениот аплауз.

 

Концертот „Музичко другарување“ имаше едукативен карактер со кој беа опфатени актеулни теми за чување на здравјето и Бон тон однесувањето.

 

Целта на Триангл и на ЦК „Марко Цепенков“, за приближување на музиката и едуцирање на најмладите беше постигната благодарение на тимот – режисерот Десанка Глигоријевиќ, Симона Петровски (оперски пеач), Андреј Наунов (пијанист) и  Јане Дунимаглоски (оперски пеач, гитара, мандолина).

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.