ВИДЕО – Здружението „Прилепски меанџии“ признава дека на концертите ситуација излегува од контрола и младите велат дека мерките не се почитуваат

Мерките за заштита од корона вирусот во поголем дел од угостителските објекти не се почитуваат, не се носат маски, не се држи потребното растојание, ниту пак масите се поставени на потребната дистанца. Ова е ставот на младите од Прилеп, откако деновиве актуелна беше информацијата со забавите кои се организираа во клубот Калипсо, против кого јавното обвинитепство вчера отвори и предмет. Некои граѓани дури бараат и повторно враќање на порестриктивни мерки.

 

 

Мерките не се почитуваат, ова треба да престане не е во ред, има многу заразени. Има средства за дезифекција, но масите се многу блиску“, рече еден граѓанин.

 

„Не е во ред, треба да се вратат рестриктивните мерки, да не функционира ништо бидејќи бројот е се поголем и поголем“, кажа една граѓанка.

 

„Мерките не се почитуваат воопшто затоа што младите мислат дека вирусот не е ништо“, вели друг граѓанин.

 

„Едноставно како да исчезна короната, никој не ја ни чувствува. Треба да има некои рестриктивни мерки, никој не ги сака но мора да се живее со нив, тоа е новата реалност која треба да биде прифатена од сите“, истакна друг граѓанин.

 

Од здружението на угостители од Прилеп, „Прилепски меанџии“, велат дека мерките во Прилеп се почитувале, а ситуацијата излегувала од контрола кога се правеле концерти дозволени со закон, но тие концерти потоа преминувале во забава каде никој немал контрола.

 

Мислам дека овие што се организиираат се организираат во рамките на протоколот што дава да се организираат концерти. Е сега самата ситуација од концерти преминува во забава и не може да се контролира работата“, рече Јордан Момироски, претседател на здружение „Прилепски меанџии“.

 

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, телефонски ни изјави дека веќе во тек биле засилени контроли на инспекторатот и дење и ноње. За случајот во Прилеп пак предметот го превзело јавното обвинителство од каде рекоа дека во моментов прибирале докази во врска со забавите кои се организираа.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи