Грција ги затвора граничните премини „Меџитлија“ и „Стар Дојран“ до 4-ти август

 

 

Грција ги затвора граничните премини за влез од Македонија преку „Меџитлија“ и „Стар Дојран“. До македонските власти доставено е известување дека премините ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај од денес на полноќ до вторник (4 август).

 

„Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го направат на грчкиот граничен премин „Евзони“, се наведува во соопштението од МВР.

 

Затворањето на граничните премини доаѓа од новите протоколи на грчката влада за заострување на рестриктивните мерки поради ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.