Партерното уредување на спортска сала во Крушево во напредна фаза

Уредувањето на партерот на спортската сала е во напредна фаза. Сега, салата е со патека која води до карпата за искачување, а просторот се оспособува за користење и во вечерно време, информираат од Општина Крушево. Партерното уредување чини 2.004.336 денари, а целиот проект е 500.000 евра.

 

„Партерното уредување на спортската сала е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево. Целиот проект изнесува 500.000 евра и истиот вклучува реконструкција на спортска сала, опремување и поставување на карпа за искачување, набавка на минибус за превоз на параглајдеристи, поставување на сувенирници, изработка на промотивен материјал, посета на саеми за туризам и друго“, велат од Општина Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.