Двајца новозаболени од корона вирус во Прилеп

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп две лица заболеле од коронавирус, а шестмина оздравеле од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи изнесува 52, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 315.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.