6 годишно дете од прилепско Дебреште го загуби животот при пад од трактор

Вчера во прилепското село Дебреште се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубило 6 годишно дете при пад од трактор.

 

„На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител“, велат од МВР.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.