Одбележана годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто

 

 

Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Оддавањето почит пред  споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 63-годишнината од неговата смрт.

 

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп, а својот живот го завршил на 24 јули 1957 година.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.