Талат Џафери примен на Инфективна клиника со симптоми на ковид-19

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери бил примен на инфективната клиника, откако покажал одредени симптоми кои асоцирале на ковид-19.

 

Направил тестирање и истиот покажал негативен резултат, па после рутинската контрола на Инфективна, Џафери бил пуштен дома.

 

Талат Џафери на 21 јули изјави дека се тестирал за ковид-19 и дека тестот му е негативен. Во изминатите денови позитивен тест имаа министрите Крешник Бектеши и Арбер Адеми.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.