Четворица новозаболени од коронавирус во Прилеп

 

 

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 24 јули:

 

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп четворица заболеле од коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.

 

  • Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 40 се наоаѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување.

 

  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 318.

 

  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 95 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.