Прва молитва по 86 години – од денес Аја Софија повторно е џамија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

По 86 години Аја Софија ја одржа првата муслиманска молитва, откако до скорешниот музеј повторно е претворен во џамија.

 

Илјадници муслимански верници пристигнаа во Истанбул, а меѓу нив секако беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

 

Беше послан тиркизен килим за дочек на верниците, вкупно 500 на број во самата џамија, а христијанските фрески и обележја беа покриени со долги драпери, за да не го попречуваат намазот.

 

Проценките се дека 350 илјади верници присуствуваа на денешната молитва.

 

Но сепак, иако денеска Аја Софија беше преплавена од верници, голем дел од Турците се скептици за оваа одлука. За аналитичарите, Ердоган со овој потег сака да го сплоти десничарското крило во неговата партија кое полека почнува да се ситни. И всушност ова е негова агенда за да ги прикрие другите проблеми во опоштеството.

 

Ваквиот потег на турскиот претседател беше критикуван и од широката светска јавност. ЕУ порача дека одлуката е за жалење, САД ја нарече разочарување, додека пак УНЕСКО порача дека ќе го разгледа статусот „светско наследство“.

 

Аја Софија била најголемата христинска црква, изградена во шестиот век од Византијците. Служела како црква 916 години, се до османлиското освојување на Истанбул, а статус на џамија имала од 1453 до 1934 година кога по директива на Кемал Ататурк била претворена во музеј. Со поништувањето на одлуката на 10 јули годинава, на Аја Софија и е вратен статусот на џамија. Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија од 1985 година е впишана на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи