Ауди излетало од патот Прилеп-Битола на клучката кај Могилата

 

Патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот прилепчанец К.Ѓ., во саботата околу 19:00 часот излетало од патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила“.

 

Како што е наведено во полицискиот билтен, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(57) од Прилеп, констатирани во Градската болница – Прилеп, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош.

 

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.