Дизелот со иста, а бензините со нова цена од полноќ

 

 

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја.

 

Имено, РКЕ одлучи да ги намали цените на бензините за половина денар, па така, според новите цени, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 59,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 61.50 денари.

 

Малопродажната цена на Еуродизелот не се менува и натаму ќе се точи за 53 денари за литар.

 

На Екстра лесното масло за домаќинство ќе порасне за половина денар и ќе се продава за 53 денари, додека цената на мазутот ќе се зголеми за 0,155ден/кг и ќе изнесува 26,060ден/кг.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.