When in Krusevo 2020: Авантурите не изостануваат ни оваа година

 

 

Авантурите со When in Krusevo outdoor фестивал не изостануваат и оваа година, кои поради пандемијата со корона вирусот ќе се одржат сепак со посебни мерки и протоколи.

 

„Земајќи ги во предвид сите безбедносни мерки и препораки, како одговор на Covid-19, другарите од Outdoor Manifest оваа година го организираат фестивалот во поинаков, но не и помалку возбудлив концепт!

When in Krusevo оваа година ќе се одржи по четврт пат во периодот од 01 – 10 август 2020. Во рамки на фестивалот и оваа година се вклучени многу спортски и outdoor активности и поволности: адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, МТВ и планинарски тури низ прекрасните крушевски предели, трчање, кајак, SUP, качување на вештачка карпа и други настани“, велат организаторите.

 

Десетдневната карта изнесува само 400 денари, а во цената е вклучена уникатна фестивалска маичка, подароци од партнерите и поддржувачите на фестивалот, како и бројни поволности и попусти. Картата може да се купи онлајн на МкТикетс или преку нивната продажна мрежа.

 

 

Ве покануваме на оригиналниот outdoor фестивал When in Krusevoна 100% чист воздух, ѕвездени ноќи, свежи утра и многу авантури за време на вашиот престој во славното Крушево.

 

Сите детали ги имате на официјалната веб страна http://wheninkrusevo.mk и Facebook настан: www.facebook.com/events/2718385838280375.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.