Банките почнуваат со исплата на јулските пензии – над 320.000 пензионери предвреме ќе ја добијат пензијата

 

 

Од денеска почнува исплатата на јулските пензии, информира Министерството за труд и социјална политика.

 

Од Македонската банкарска асоцијација објавија дека корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат од денеска, вторник, 28 јули 2020 година.

 

„Банките се подготвени предвреме да ја извршат исплатата на јулските пензии. Сите пензионери што поседуваат дебитни картички, од денеска, вторник, 28 јули 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија. Готовинската исплата на пензиите за оние пензионери што не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе во групи. Во вторник, 28 јули, ќе се исплаќаат пензии во висина до 11.000 денари. В среда, 29 јули, пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари. В четврток, 30 јули, ќе се исплаќаат пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а в петок, 31 јули, пензии над 18.000 денари“, се наведува во соопштението на МБА.

 

Се апелира корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца во согласност со насоките и препораките.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.