Обвинителството за организиран криминал и корупција, со асистенција ја МВР, денеска влезе во Државната изборна комисија и ја одзеде документацијата околу компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.
Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, а целта е дали се утврди дали било извршено кривично дело при спроведување на тендерот за софтверот.
Поради хакерски напад кој траеше неколку дена, ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборите.
Набавката на нов софтвер за потребите на ДИК предизвика реакции во јавноста, откако дел од порталите пренесоа дека договорот со фирмата изведувач наводно бил склучен во четири очи непосредно пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.
