Од денес македонските граѓани може да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР тест

 

Од денеска граѓаните на Македонија, ќе може да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР тест, кој не треба да биде постар од 72 часа.

 

Нашиот источен сосед се реши на ублажување на мерките и се реши да ги отвори границите за граѓани на Македонија, Србија, Црна Гора, БИХ, Албанија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт.

 

„Главните причини за одлуката на Министерот за здравство се: активности на сезонски земјоделски работници и работници од областа на туризмот; на лица кои патуваат за обука; патници од хуманитарни причини и претставници на трговски, економски и инвестициски активности“, стои во соопштението.

 

Бугарија пред речиси две недели воведе привремена забрана за влез на нејзината територија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, како резултат на лошата епидемиолошка ситуација со коронавирусот во земјава.

 

Тест не е потребен за граѓани на ЕУ, на Велика Британија, земји од Шенген зоната, како и за Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Кореа и Уругвај.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.