Обвинителство ја истражува набавката на софтверот за изборните резултати во ДИК

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со асистенција ја МВР, денеска влезе во Државната изборна комисија и ја одзеде документацијата околу компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.

 

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, а целта е дали се утврди дали било извршено кривично дело при спроведување на тендерот за софтверот.

 

Поради хакерски напад кој траеше неколку дена, ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборите.

 

Набавката на нов софтвер за потребите на ДИК предизвика реакции во јавноста, откако дел од порталите пренесоа дека договорот со фирмата изведувач наводно бил склучен во четири очи непосредно пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи