537 прекршувања на мерката за носење заштитна маска во последното деноноќие

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонијa, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ширење на коронавирусот и за справување со пандемијата со Ковид -19.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.