Граѓаните и натаму не носат заштитни маски – регистрирани 333 прекршоци

 

Граѓаните и понатаму одбиваат да носат лична заштитна маска на лицето, поради што продолжуваат да се редат и кривичните пријави.

 

Министерството за внатрешни работи во последното деноноќие регистрира 333 прекршоци за прекршување на мерката за носење опрема за лична заштита.

 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Носењето маска е задолжително во затворен простор, но и на отворено во услови кога не може да се одржува растојание од 2 метри од друго лице.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.