Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.

 

„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари”, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

 

Станува збор за државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) кој починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје. Несреќата во која се здобил со витално загрозувачки повреди се случила во Велес, откако паднал од височина. Тој зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки.

 

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23-ти мај годинава од Емилија Динева од Дојран се трансплантираа срце и бубрези.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи