139 новозаразени и 6 починати од коронавирус

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-8, Велес-4, Битола-2, Кавадарци-5, Гостивар-16, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-15, Ресен-1.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

 

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714. Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

 

Направените 1377 теста се преку: ИЈЗ-516, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-156, Биотек-116, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-185, Систина со PCR метода -192, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-27, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.

 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.