МЕПСО: Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите

 

МЕПСО детектира испади на 110 – киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“  со што има прекини во снабдувањето со електрична енергија на Прилеп и на околните села.

 

Од компанијата велат дека ие тсе предизвикани од системите за наводнување и распрскување што ги поставуваат земјоделците во близина. Оттаму апелираат и ги предупредуваат земјоделците на внимателност.

 

„За непрекинато снабдување на Прилеп и на околните населени места со квалитетна електрична енергија, откако во изминативе денови се детектирани испади на 110-киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“ предизвикани од тоа што во близина на далекуводот се поставуваат системи за наводнување и распрскување, апелираме и предупредуваме земјоделците во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводи од преносната мрежа“, стои во апелот и предупредувањето од МЕПСО.

 

Најстрого се предупредува да не се поставуваат прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа.

 

„Допирот на водниот млаз со проводните јажиња освен тоа што ќе го исфрли од погон 110 kV далекувод и ќе предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија, може да биде кобен за животот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот. Затоа, никогаш не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси, никогаш не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите. Металот е проводник поради што се изложувате на огромен ризик по вашите животи. Не загрозувајте го сопствениот живот, како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина. Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем“, предупредуваат од МЕПСО.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи