35-годишник со мотор се забил во паркирано возило кај езерото во Крушево

 

 

35-годишен маж со мотор се забил во паркирано возило кај езерото во Крушево, па со тешки телесни повреди бил пренесен во општата болница Прилеп.

 

„Вчера во 14.37 часот на пат од место викано „Гумење“ кон езеро во Крушево се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.Т.(35) од с.Врбовец, крушевско, удрил во паркирано патничко  возило „рено“, со битолски регистарски ознаки.     Во незгодата Ж.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата Болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата.

 

 Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.