Пироман од Скопје се снима и се фали како опожарува шума

 

Момче од Скопје на популарната социјална мрежа „ТикТок“, преку извесен профил „djeloking 2020″ објавува видеа како со запалка пали нискостеблеста шума, која подоцна прераснува во голем пожар.

 

 

Пожарите се честа појава во Македонија, особено во летните месеци поради високите температурите, а надлежните постојано упатуваат на претпазливост до граѓаните, бидејќи досегашното искуство вели дека најчеста причина за огнените стихии на отворен простор е човечкиот фактор.

 

На ред е реакција на полицијата која има докази објавени на социјални мрежи за нарушување на општата јавна безбедност, како и за кршење на законот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.