Дел од Бејрут срамнет со земја – екслодирале 2.750 тони амониум нитрат

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Вчера на пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут дојде до катастрофална екслозија која срамни со земја дел од градот. Бројот на загинати постојано расте и се искачи на над 100, додека преку 4.000 лица се повредени.

 

 

Но ова не е конечната бројка на загинати и повредени. Исчезнати се стотици луѓе по кои се трага. Уништени се цели станбени блокови, населби, трговски центри…

 

Како што наведува „АП“ станува збор за најсилната експлозија во градот кој ја претрпел граѓанската војна, судирите со Израел и терористички напади.

 

Премиерот и претседателот на Либан рекоа дека 2.750 тони алуминиум нитрат, кој се користи за ѓубриво и бомби, шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност.

 

„Неприфатливо е товарот на амониум нитрат кој е проценет на 2.750 тони, шест години да се наоѓа во магацин, без никаков надзор. Tоа е неприфатливо и по тоа прашање не можеме да молчиме. Нема да застанеме додека не ја најдеме личноста одговорна за тоа што се случило“, изјави премиерот Хасан Дијаб вчера на итниот состанок на врховниот совет на одбрана.

 

Професорката по меѓународна политика Лале Калили на Твитер објави потсетување дека властите во Либан знаеле оти во 2013 година во пристаништето во Бејрут пристигнал брод под офшор знаме со товар од 2750 тони високо експлозивен амониум нитрат, кој бил складиран во магацините во пристаништето сите овие години чекајки да постигне повисока цена или да биде безбедно уништен.

 

Либанските граѓани ги обвинуваат политичарите кои со децении ја дозволуваат корупцијата и лошото владеење кое што го фрли Либан во финансиска криза.

 

Експлозијата го уништи пристанинишниот дел на градот и ги пресече главните рути на земјата за прехранување на нацијата од над 6 милиони луѓе, која ионака веќе се мачи да ги прехрани и смести стотиците илјади бегалци од Сирија. Исто така, уништен е и главниот силос за жито, со што земјата останува со залихи за едвај еден месец.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи