Во изминативе 24 часа во Прилеп наврнале 37 л/м2

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу дожд наврна во Демир Капија 59  л/м2 , 54 Скопје-Петровец, 50 Охрид, 41 Пожаране, 37 Прилеп, 33 Битола, Штип, 31 Скопје-З.Рид 29 Ѓуриште, 27 Тополчани, Крушево, 26 К.Паланка, 25 Тетово, Претор, 24 Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, 9 Струмица, 4 Берово.

 

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни. Во првата половина од ноќта имаше и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

 

Времето денеска претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

 

Во Битола денеска температурата до 27 степени.

 

Од утре температурата ќе биде во благ пораст, а нестабилно ќе биде претежно во попладневните часови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи