Изложба „Ликовните предели“ на Драган Најденовски во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 7 Август во петок со почеток во 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на слики „Ликовните предели“ од уметникот Драган Најденовски.

 

„Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална, но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална „Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, се е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Драган Најденовски презентирани на оваа ликовна изложба. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив“, вели за делата на Најденоски, писателот Панде Манојлов.

 

 

Инаку Драган Најденовски е самостоен ликовен уметник, активен член на ДЛУМ. и ФЛУБ . Досега има над 40 самостојни изложви, учесник на многу групни изложби и графички манифестации во Македонија и светот, како и на многу домашни и меѓународни ликовни колонии. Исто така добитник е и на вредни награди. Во 2017 ја добива наградата на град Биитола „4 Ноември“ за уметност.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи