На 15 и 16 август по 6-ти пат „Крушево низ корија“

И годинава по 6-ти пат во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено „Крушево низ корија“. Доколку некој сака да учествува на овој настан треба прво уредно да ја пополни апликацијата за пријавување која што е веќе објавена, а потоа добива ваучер и белезица со кој ќе може да ги користи сите услуги и погодности што ги нуди фестивалот, како што се :

 

1.Место во кампот на Мечкин камен;
2.Учество на MTB турите (мала и голема);
3. Учество на планинарската тура;
4.Можност за летање со параглајдер по повластена цена;
5.Сувенир маичка и марама со логото на фестивалот;
6.Освежување со производите на пријателите на фестивалот на постојните пунктови;
7.Присуство на планински и велосипедски водичи ;
8.Присуство на мобилна сервис служба која ќе работи на отстранување на дефектите, доколку настанат при возењето;
9.Присуство на служба за спасување;
10.Slow food презентација ;
11.Спомен ТАПИЈА за учество на фестивалот;

Сето ова ќе чини 400 денари. Пријавувањето веќе започна.

 

И оваа година ќе има планинарска и велосипедска тура.

 

„Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале во средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење. Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости. Потребна опрема: разгазени планинарски обувки, стапчиња за планинарење, капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен UV фактор. Старт 10 ч. Мечкин Камен. Рекреативна велосипедска тура низ Крушевските знаменитости пак започнува во 10:15 ч. на Мечкин Камен“, велат организаторите на „Крушево низ корија“.

 

Покрај велосипедската и планинарската тура, традиционално планирано е да има и тандем летови со параглајдер. Учесниците на фестивалот ќе го имаат задоволството да летаат со професионалните пилоти на SKY RIDERS по повластени цени, а летот ќе чини 2.000 денари со вклучено фотографирање и превоз до полетувалиштето на Мечкин камен.

 

„Она што е најважно : 

1.Секој учесник да ги почитува мерките од пропишаните протоколи за справување со COVID вирусот.

2.Ќе се вози/планинари под посебен протокол со запазено соодветно растојание помеѓу рекреативните учесници, а во зоната пред стартот задолжително ќе биде носење на заштитна маска/бандана и дезинфекција. Секој пријавен рекреативен учесник е должен да потпише Изјава за самостојна одговорност каде има вметнат дел кој се однесува за свесноста за ризиците од Ковид-19 и придржување до препораките за заштита.

3.Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.

4.За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.

5.Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или другите учесници.

6.За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.

7.Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.

8.Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека“, додаваат организаторите на фестивалот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.