Општина Прилеп : Ул. „Трајко Николоски“ ќе биде затворена за сообраќај во наредните 60 дена

Заради поројните дождови кои изминатите два дена ја зафатија територијата на Oпштина Прилеп, како и заради тековните градежни активности на мостот во населбата „Сточен пазар“, од вчера улицата „Трајко Николоски“ е затворена за сообраќај, соопштија денеска од Општина Прилеп.

 

Општина Прилеп изработи проект за привремен режим на сообраќајот, со кој во следните 60 дена улицата „Трајко Николоски“ ќе биде целосно затворена за движење на моторни возила, освен за жителите од оваа улица. После завршувањето на градежните активности на новиот мост, улицата „Трајко Николоски“ ќе биде повторно ставена во функција, за што граѓаните ќе бидат навремено известени“, се вели во денешното кратко соопштение на Општина Прилеп.

 

Инаку соопштението дојде откако поради поплавата се урна импровизираниот мост-насип на улицата „Трајко Николоски“. Силното невреме предизвика енормно зголемување на водостојот на Градската река, што пак предизвика големи проблеми во населбата Сточен Пазар, кај улицата „Трајко Николоски“, каде и се гради новиот мост.

 

Целото градилиште се претвори во огромно езеро и за да не се случи поголема катастрофа мораше со механизација да биде урнат импровизираниот мост-насип кој возилата го користеа да ја преминат реката. Се уште не се знае дали е направена штета врз градбата на новиот мост.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи