Pletvar Outdoor Festival 2020 од 28 до 30 август

 

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп и Извидниот одред „Феникс“ исто од овој град, ќе бидат организатори на првиот „Pletvar Outdoor Festival 2020“ кој ќе се одржи од 28 до 30 август 2020 во околината на селото Плетвар!

 

Според организаторите целта на настанот била возбудлива авантура за СИТЕ возрасти, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења!

 

„Некои од активностите кои ќе имате можност да ги искусите се:


– Искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова,
-Кратка планинарска тура за почетници,
– Велосипедска тура,
– Слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите,
– Качување и спуштање со јаже, планинско трчање итн.

 

Настанот е организиран во согласност со сите препораки и протоколи од влада за заштита од Ковид-19 и поради тоа ве замолуваме да ги почитувате мерките за превентива – држење растојание, носење маски, често миење раце, дезинфекција и сл.“, велат од СК „Златоврв“ и ИО „Феникс“.

 

Повеќе детали околу фестивалот се очекува да бидат откриени деновиве.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи