Денеска 4 нови случаи на заболени од Ковид 19 во Прилеп

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 4 случаи на заболени од коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 45. Од нив, 30 лица се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

 

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 341.

 

Во изолација и самоизолација се наоѓаат 50 лица.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.