И денеска во Прилеп еден нов случај на заболен од коронавирус

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 4 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 38, од кои 25 се наоѓаат на домашно, а 13 на болничко лекување.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 51 лице.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 346.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.