Во Прилеп одбележана 118-годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денеска во Прилеп беше одбележана 118-годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто, првиот Претседател на президиумот на АСНОМ. По тој повод делегации на Општина Прилеп и општинскиот Совет, денеска положија свежо цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Прилеп.

 

Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп. Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, во 1942 година, бил интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно- ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 Август 1944 година, тој бил избран за негов Претседател.

 

Методија Андонов-Ченто починал на 24 јули 1957 година.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи