Се зголемува бројот на заболени од Ковид 19 во Прилеп, денеска 5 нови случаи

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 42, од кои 33 се наоѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 80 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 370.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.