ВИДЕО – Вооружен грабеж во Уни банка во Крушево

Попладнево околу 16 часот се случил вооружен грабеж во експозитурата на Уни банка во Крушево. Засега од МВР не откриваат никакви детали освен тоа дека непознато лице со закана со пиштол одзело пари од вработените во банката.

 

Според она пак што првично го имаме како информација е дека едно лице влегло во банката вооружено со пиштол, не се знае сеуште дали пиштолот бил вистински или не. По влегувањето во банката лицето им се заканило на тројцата вработени да го отворат сефот. По отворањето на сефот ги затворил вработените во една просторија од банката, ги зел парите, кои исто така засега не се знае колку биле и избегал во непознат правец.

 

Не се знае ниту дали лицето имало логистичка поддршка од други лица или бил само во оваа акција.

 

Но повторуваме ова се засега само првични, неофицијални и се уште непотврдени информации со кои располага нашата редакција.

 

Од МВР истакнаа дека повеќе детали и информации за грабежот ќе имало дури утре.

 

Од Јавното обвинителство во Прилеп само велат дека по нивна препорака во моментов во експозитурата екипа на Крим техника од ОВР Прилеп и екипи на ОВР Крушево вршат увид и се прави прибирање на доказите. Исто така се чекало од Скопје да пристигнат и претставници на Уни банка.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.