„Недела на новиот германски филм“ – овој пат под отворено небо

 

 

„Неделата на новиот германски филм“ почнува на 24 август. Публиката во Струга, Скопје и Прилеп ќе ја продолжи долгогодишната традиција на дружење со најновите остварувања на богатата германска кинематографија. За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции под отворено небо.

 

Неделата на новиот германски филм на 24 август во НЦСК Струга ќе се претстави пред македонската публика со премиерата на долгоочекуваниот „Undine“ на режерот Кристијан Петцол. Фестивалот ќе продолжи со прикажувањето на селекцијата составена од трилерот „Ballon“ (2019) на Мајкл Хербиг, биографскиот „Mein Blind Date Mit Dem Leben“ (2017) на Мајк Ротемунд и комедијата „Die Goldfische“ (2019).

 

Стружани ќе можат да ја следат програмата на „Неделата на новиот германски филм“ од 24 до 27 август, а потоа таа продолжува во Скопје од 1 до 7 септември и во Прилеп на 3 и 4 септември.

 

Покрај гореспоменатите, останати наслови кои ќе бидат прикажани за време на фестивалот ги вклучуваат: „Ich fühl mich Disco“ (2013) на режисерот Аксел Раниш, „Kaddisch für einen Freund“ (2012) на Лео Касин и комедијата „Fack ju Göhte“ (2013) на Бора Дагтекин.

 

Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 во соработка со Кинотека на Северна Македонија, Дрим Шорт- Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.