Триесетдневен притвор за крушевчанецот кој од банка украде над милион денари

 

 

Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Крушево за извршено разбојништво во експозитура на „Уни банка“ во Крушево.

 

„Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15:00 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на „Уни банка“ во Крушево каде го извршил кривичното дело. Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари“, стои во соопштението.

 

Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, што Судот го прифатил и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена. ​

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.