Ајде да бидеме хумани – под итно му е потребна нашата помош на „Преспанскиот херој“, Васил Јанкула

Почитувани, Јас сум Васил Јанкула и имам 2 9години. Добив церебрална парализа поради породилна траума по време на породуването и од таму и асфиксиja. Оваа болест полека почна да биде моја препрека во животот. Но, и покрај ова опака болест мојот позитивен дух и животен ентузијазам секогаш ме водеа напред.Несакав оваа моја болест да ме изолира и да не напредувам во животот како и сите нормални луѓе.Избрав попреченоста да не ме спречи активно да спортувам.

 

Велосипедизмот е мојот втор живот, мојата преродба која ме прави среќен и ми создава голем адреналин, како и желба за нови и невозможни предизвици.Покрај болеста, сепак јас сум позитивен и не дозволувам негативните мисли да ме победат.

 

Благодарение на мојот ентузијазам во 2018 год. одлучив поактивно да спортувам и почнав да возам трицикл на различни настани и маратони, под едно мото „Сите сме исти “. Одлучив да направам еден подвиг и со мојот трицикл да ја поминам Македонија.Успејав да ја реализирам зацртаната маршрута и станав познат како Преспански Херој. Медиумите гласно говореа за овој мој подвиг.

 

Ме повикуваа да бидам и мотиватор да отворам и спортски натпревари и други спортски настани што ме правеше особено горд , заради тоа што бев еден светол пример на успешен човек.Во 2019 година со мојот трицикл испеав да извозам 3.000 километри за 3 месеци, тоа ме правеше среќен и успешен.

 

 

 

Но, за жал набргу после моите подвизи мојата здравствена состојба почна драстично да се влошува. Почнав да чуствувам како да ја губам целата енергија во телото, ми се укочи левата страна посебно ногата. Почнав да неможам да се движам слободно низ целото тело имав болки а најмногу во ногата и вратот, целото тело ми се кочеше. Загрижен за мојата состојба отидов да се консултирам со специалисти доктори за мојата состојба кои ми  посочија дека под итно морам да се правам операција.

 

Дијагнозата која ми ја пронајдоа докторите беше Детска церебрална парализа – Спастична Квадриплегиja. Таа е наjтешка форма на парализа коja го вклучува целото тело и се манифестира на главата,телото,горните и долните екстремитети без ментална ретардациja но со нарушуване на говорот. На горните екстремитети се гледа аддукциja на надлактицата,флексиja во лакотот,пронациjа на подлактицата,флексиja во рачниот зглоб со флексиja на прстите. На долните екстремитети има аддукциja на надколениците со прекрстуване на нозете, флексиja на колената, еквинус и еквиновалгус на стапалата,флексорни деформитети на прстите. Постои и деформитет на ‘рбетот поради асиметричниот тонус на паравертебралната мускулатура во формата на буквата S. Зафатен е целиот ‘рбет од C-7 до L-4,L-5.

 

Пoтребна е итна операциja поради неуспешното медикаментозно лекување.

 

Потребно е да се направи следново :

 

*Оперативно лекуване на колковите – тенотомии на аддукторите на колкот.

*Оперативно лекуване на колената – Оперативниот третман се состои во ослободуване на затегнатите тетиви и транспозициja.

*Оперативно лекуване на стапалото – Корекциja на еквинуса и еквиноварусот на стапалото и теноелонгациja на Ахиловата тетива.

*Оперативно лекуване на горните екстремитети – Ослободуване на контрактурите на рамото, лактот, зглобот,прстите.И тука е потребно да се направат тенотомии и транспозиции.

 

После сите хирушки манипулации е потребна долга физикална терапиjа и рехабилитациja.

 

ЗА ЦЕЛИОТ ТРЕТМАН И ОПЕРАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ 35.000 ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО.

 

Моето семејство брои 5 члена, моите родители се сиромашни и за жал не се во можност да ја платат оваа операција, но и пост оперативно рехабилитирање во базени со топла вода, медицински масажи и друго, бидејќи сакам да продолжам со она што ме правеше среќен морам да ја направам оваа операција,која се надевам дека ќе ми помогне повторно да можам да ги остварувам моите соништа.

 

Сите оние кои сакаат да донираат тоа може да го сторат на следниот начин:

 

Со донирање на оваа сметка : 210700000651879, НЛБ Тутунска банка, за Васил Јанкула

 

Или кликнете на овој линк подолу каде исто така може да донирате :

 

https://www.gofundme.com/f/hswgts-an-appeal-for-help?utm_source=facebook&fbclid=IwAR1vgkc2XbG7TkxI4HfbLtC-sYtMIq4W9JDp-SzlWlwh0bKm1yTfbQ2ES3A

 

Искрено се надевам дека и Вие со Вашата донација ќе ми помогнете да се вратам во нормала и да продолжам да спортувам и да бидам среќен. Без Вас искрено нема да можам да успејам да го остварам овој мој сон. Ќе ви бидам Благодарен за било која сума што ќе ја донирате за трошокот за операцијата, затоа што со тоа ќе помогнете понатаму да продолжам со мојата мисија да докажам дека сите сме исти без разлика на се.

 

Со почит

Васил Јанкула

Преспански херој

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.